Што е кујунџија. Дали е исто што и златар?

Кујунџиството е уметност која има длабоки корени во македонската култура и традиција. Оваа занаетчиска дејност се занимава со изработка на накит и други декоративни предмети од благородни метали како што се злато, сребро и бакар.

  • Кујунџиите традиционално изработуваат фини ракотворби од благородни метали како злато, сребро, но и од бакар или други метали.
  • Фокусот е често на украсни предмети, како што се рачно изработени бижутерии, украси за дома, предмети за верски или културни ритуали, и украсени садови.
  • Техниките што ги користат кујунџиите обично се занаетчиски и традиционални, вклучувајќи гравирање, уметничко ковање и фино резбање.
  • Златарите се специјализирани за изработка, поправка и продажба на накит направен од злато, сребро и други скапоцени метали.
  • Често работат со скапоцени камења, што значи дека нивната работа може да вклучува и поставување на дијаманти, рубини, смарагди и слично.
  • Модерните златари користат и напредна технологија како ласери или компјутерски дизајн (CAD) за производство на накит.

Кујунџиите се повеќе ориентирани кон традиционалниот занает и рачната изработка на разни метални предмети со уметничка вредност, додека златарите главно се фокусираат на комерцијалниот аспект на накитот и неговото производство.

Зошто е добро да го изучуваш кујунџискиот занает

  • Потребни се помалку средства да започнеш свој бизнис бидејќи работата се базира на рачна изработка со користење на традиционални алатки. За почеток нема потреба во инвестиции на скапи машини.
  • Секој производ е уникатен, рачно дело на мајсторот и има поголема вредност од масовно произведените предмети. Најчесто се работи со клиенти кои ја знаат вредноста на кујунџискиот накит и спремни се да платат соодветно за квалитетен кујунџиски накит.
  • Нема голема конкуренција на пазарот, бидејќи под влијание на масовното производство кујунџиството полека изумира како занает, но со оглед на уникатноста на кујунџискиот накит секогаш ќе има клиенти кои бараат уникатен накит.

Едукативни видеа

Вековните знаења напластени од искуството и вештинитите на генерации македонски кујунџии ги визуелизиравме со помош на вештачката интелигенција.

Запознај се со основните елементи на современото кујунџиство и со некои традиционални кујунџиски техники гледајќи ги овие видеа комплетно генерирани со вештачка интелигенција. Можиш да ги гледаш овде и на Youtube каналот kujundzija.info

Што е кујунџиство. Историја на кујунџиството

Како ќе научиш повеќе за кујунџискиот занает

  • Старите мајстори кујунџии полека изумираат. За да се зачува нивното знаење ние ја искористивме најсовремената техника – Вештачката интелигенција.
  • Изработивме и Курс за кујунџиство базиран на вештачка интелигенција преку кој можеш да научиш за кујунџиството, го тестираш своето знаење и да разговараш со други заинтересирани за оваа тема. Регистирај се и започни тука https://kujundzija.info/kurs
  • Изработивме Водич за кујунџиство базиран на вештачка интелигенција. Можеш да го прашаш Мајстор Климе за се` што те интересира во врска со кујунџиството (постави дури и најнеочекувани прашања или побарај да прикажи слики). Разговарај слободно на македонски јазик со текст или глас. Регистрирај се и започни тука 
    https://kujundzija.info/vodic

Кујунџиска работилница Матовски

Знаењето што е акумулирано во вештачката интелигенција е од раскажувањата на 90 годишниот мајстор – кујунџија Климент Матовски. Златарско -кујунџиската традиција на неговата работилница започнува  со дедото на Климент, Леон кој бил кујунџија во Струга.

Во Битола на почетокот од 20-тиот век златари и кујунџии биле Турците и Власите. Со заминувањето на Турците, златари и кујунџии од Дебар и Струга се преселуваат во Битола. Меѓу нив и таткото на Климент – Божидар кој по полагањето на мајсторки испит ја отворил во старата чаршија во Битола, Златарско-кујунџиската работилница – Струга.

Традицијата на својот татко ја продолжува Климент кој продолжува со работа во златарско-кујунџиската работилница и кој што е познат мајстор – кујунџија, а заедно со својата сопруга Пенка (сега покојна) и голем колекционер на стар кујунџиски накит кој потекнува од 1850 година до денес распределен во три колекции.

* Квалитетот на видеото автоматски го подесува Youtube во зависност од Вашата интернет конекција. Квалитетот (резолуцијата на приказ) можите самостојно да ја регулирате во делот Settings (подесувања) на Youtube.

* Квалитетот на видеото автоматски го подесува Youtube во зависност од Вашата интернет конекција. Квалитетот (резолуцијата на приказ) можите самостојно да ја регулирате во делот Settings (подесувања) на Youtube.

ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА

Истражи го кујунџиството преку виртуелна прошетка низ традиционалната работилница и дел од колекцијата накит на кујунџиската работилница на Климент Матовски.

* Во зависност од Вашата интернет конекција, потребно е одредено време да се прикажи интерактивната виртуелна прошетка.

Прирачници

Успехот на секој бизнис многу зависи од маркетингот. Живееме во период кога многу активности на луѓето се префрлаат во дигиталната сфера. Затоа дигиталниот маркетинг е од клучно значење за секој бизнис, вклучувајќи и традиционалните занаети како кујнуџиството. За да стекнете вештини како да го промовирате вашиот бизнис споделуваме Прирачник за дигитален маркетинг.

Но покрај знаењето, вештините и промоцијата за да се започне било каков бизнис потребни се почетни инвестиции, финансиско планирање и претприемачки вештини . Информации за сите овие и многу други работи потребни за започнување на сопствен бизнис ќе најдете во Програмата за самовработување. 

Преземи (.PDF)

Преземи (.PDF)